Филипче: Мора да има строга контрола дали се почитуваат рестриктивните мерки

Над 90 проценти од новодијагностицираните се во рамките на познати кластери, заболени и трансмисија на вирус настаната на семејни настани кога се прекршиле тие правила за масовни собири и не се носеле маски и овие дополнителни рестриктивни мерки се само да се заштити и останатото население. Инсистирам да има строга контрола за да се утврди дали се почитуваат овие рестриктивни мерки заради тоа што увидовме дека токму непочитувањето е причина за ова што сега ни се случува.

Ова денеска го истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека вчера донесените мерки се само дополнување на тие што веќе се имплементираат, а врз основа на деталната анализа на новодијагностицирани случаи од каде потекнуваат, како и времето од кога тие потекнуваат.

– Веќе интензивно се работи на терен со групите, кластерите, познати се семејствата и времето во кое имало трансмисија на вирусот и како надополнување на тоа во смисла на заштита на пошироките подрачја во кои тие луѓе живеат, се донесе одлука по препорака на Комисијата за заразни болести да има рестрикција во движењето. Ова сериозно ќе придонесе да се намали ризикот од ширење на вирусот и ќе има една комплетна поинаква слика некаде при крајот на оваа недела, рече Филипче.

Тој упати апел до надлежните институции кои треба да контролираат и санкционираат и посебно тоа да биде силно изразено на терен.

– Ние апелиравме и на еден заеднички состанок со претставници на МВР вчера на Комисијата за заразни болести, посебно имајќи предвид што овие новозаразени се во време кога имало рестриктивни мерки, кога имало забрана за масовни собири, кога имало препораки за носење заштитни маски и ништо од тоа не се почитувало, потенцира Филипче.

Упати благодарност до граѓаните кои, како што посочи, беа совесни, се придржуваа на мерките, така треба да биде и да остане.

Сите ние, нагласи Филипче, треба да дадеме пример како треба да се однесуваме и на нашите деца и на помладите и на сите во општеството, сите назначени функционери кои имаат свои фокус групи на кои може да влијаат, сите верски лидери, сите менаџери во компании, бизниси итн.

– Сите кои имаат влијание на луѓето мора со свој пример тоа да го кажат заради тоа што тоа е нашата реалност, тоа е нашиот нов живот не само кај нас, туку секаде во светот, додаде Филипче. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе