Филипче: Можни рестриктивни мерки наесен, насочени кон невакцинираните граѓани

Засега не планираме да воведеме никакви рестриктивни мерки, ниту на границите, ниту во рамките на организација на настани, масовно присуство и така натаму. Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци почнувајќи од месец септември, средината на септември или почетокот на октомври, а размислувањата одат во правец на тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали ќе се воведат некакви рестрикции со цел заштита од COVID-19, рече дека ги следат сите искуства од другите земји.

– Секаде во светот сега има една дебата што и како треба да се прави. Размислувањата одат во правец на тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани, зошто да загрозуваат кога имаат можност да се вакцинираат, а не го прават тоа од какво било причини. Еве некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани и така натаму. Така да размислуваме за тоа, сѐ уште одлука не сме донеле. Меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните, генерално популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните, е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, нагласи Филипче.

Министерот за здравство информираше дека нема нови заразени со делта сојот.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе