Филипче: МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно на терен

Мислам дека мора да има санкција таму каде не се почитуваат мерките. Изминатиот период имаше потфрлања, не се контролираа луѓето и местата каде се организираа настани. Но, и граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

– МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно на терен и граѓаните да станат свесни дека има институција која се грижи. Но, мора и граѓаните да се свесни дека мерките мора да се почитуваат за да го заштитат сопственото здравје. Никој нема да биде крив, ако некој не се грижи за своето здравје, рече Филипче.

Оцени дека ситуацијата во земјава е под контрола на што укажуваат податоците за сериозно намалување на бројот на новозаболени во однос на претходниот период и на помалиот број случаи на хоспитализирани. Според него, добро е и тоа што со зголемувањето на бројот на направени тестови откриени се и голем број асимптоматски случаи што придоенсува во намалувањето на ширењето на вирусот.

Повтори дека се работи за вирус за кој се уште не знае се и за кој единствената заштита се носење маска, држење дистанца и често миење на рацете. Трансмисијата на вирусот, како што посочи, е поголема на настани кои се организираат во затворен простор, отколку на отворен.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, беше резултат на непочитувањето на мерките за заштита.

Прашан дали е можно повторно да се воведе рестрикција на движење, Филипче рече дека во земјава има протоколи за се и оти треба да се види дали ваквата рестрикција ќе го има ефектот како на почетокот на пандемијата имајќи предвид дека сега вирусот го има насекаде.

 

„Само Вистина“ 6.8.2020

„Само Вистина“ со Венко Филипче

Posted by Канал 5 Телевизија on Thursday, August 6, 2020

Лекувањето пациенти во одделот за интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина, е медицина во мало, и затоа во неа се вклучени врвни експерти. Можам одговорно да тврдам дека апсолутно за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина, рече Филипче.

Во овие оддели, според министерот Филипче, се обединети искуства и знаења од многу специјалности, заради тоа што тука, како што рече, се одржуваат сите органи и органски системи.

– И кај нас има сериозна бројка на пациенти кој што се поставени на респираторна машина, пример во „8 Септември”. Меѓутоа, има пациенти кај кој заради интензивното лекување не е стигнато да тие се поставуваат на респираторна машина, што секако е успех само по себе, истакна Филипче.

Тој потенцира дека има врвна експертиза во третманот на пациенти кој што барат респираторна машина.

– Меѓутоа пациентот на ова машина се поставува тогаш кога навистина е во крајната фаза, и веќе се исцрпени сите можности. Има различни студии во светот, огромен е процентот на пациенти кои што се поставуваат на  респираторна машина и на кои за жал не може да им се помогне, над 90 проценти. Одговорно кажувам дека апсолутно за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина. Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањете преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. Анестеолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат од пациентите кои што се поставуваат на респираторна машина, тоа се анестезиолози, експерти со големо искуство не само во ракувањето со овие машини, туку и во типот на лекувањето, истакна Филипче.

Министерот вечерва нагласи дека се подготвуваат за многу полошо сценарио наесен и тоа интензивно работат во изминатите повеќе од два месеца. Веќе, како што посочи, нешто е реализирано, а дел допрва треба да се реализира.

Филипче се надева дека такво сценарио ќе избегнат и е сигурен дека ќе го дочекаат подготвени.

– Не само ние, туку и многу земји во светот очекуваат нов бран кој би се должел на поголема концентрација на луѓе во затворени простории, што сега го нема, понатаму дополнителен број на заболени од сезонски грип, пациентите ќе ги окупираат истите одделенија кои се сега окупирани од пациентите кои се лечат од Ковид, што може да доведе до тоа болниците да се пренатрупаат со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. И во таа смисла, водејќи се од тоа, очекувајќи едно такво лошо сценарио кое се надевам дека ќе го избегнеме, ќе го дочекаме подготвени, рече Филипче.

Нагласи дека ја следат ситуацијата во околните земји и оти земјава во ниту еден момент немала огромен процент на позитивни случаи од вкупниот број на направени тестови што, според него, е еден од најголемите индикатори каква е ситацијата со епидемијата во државата.

Во однос на процентот на починати пациени во земјава, Филипче посочи дека тоа се должи на два сегмента – прво дека ги пријавуваат и починатите на кои им е земен брис по утврдувањето на смртта и второ дека голем процент од пациентите доаѓаат доцна во болница.

– Навистина голем процент од пациентите доаѓаат доцна во болница, тоа е некаде 27-28 проценти и смртен исход има во првите 3-5 дена од лекувањето. Нема ни доволно време, а имајќи ја предвид и тешката форма на болеста, дека премногу долго не се јавувале во болница, после тоа лекарите се немоќни нешто да направат, заклучи Филипче.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе