повеќе сознанија во септември и октомври

Филипче: Не може да се претпостави дали вакцината ќе биде сезонска

Во моментов се прави анализа во делот на имунизација и на препораките за евентуална трета доза на вакцина. Сега не може да се претпостави дали оваа вакцина ќе стане сезонска, но верувам дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираме количините за целата следна година, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

Тој појасни дека во моментов се прават клинички студии во светот, и тоа на деца од 6 месеци до 2 години, од 2 години до 5 години и од 5 години до 12 години.

Тие резултати, како што рече, допрва треба да дојдат. Според министерот, никој сега во овој момент не може да претпостави дали ќе биде тоа сезонска вакцина или ке биде вакцина во која што ќе се даде и трета доза, но верува дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираат количините за целата следна година.

-Верувам дека ќе имаме повеќе сознанија во месец септември и во октомври. Сите производители се на располагање и согласно препораки од експери за кои категории на граѓани која вакцина да се даде, рече Филипче.

Како што информира, акцентот сега е ставен на секторот здравство и образование. Во здравство, близу 80 проценти од здравствените работници се веќе вакцинирани. Филипче појасни дека станува збор за оние кои директно работат со ковид-центри и оне кои редовно ја работат својата работа.

Во делот на секторот за образование, тој рече дека околу 58 проценти од сите вработени се вакцинирани, со цел училиштата да почнат со нормален тек од месец септември, и во делот на градинките, околу 60 проценти од вработените се вакцинирани.

-Минатата недела имавме координативен состанок со дел од одговорните во компанијата Pfizer, за да разговараме за тоа да следната година набавиме доволна количина од овој производител. Исто така имаме и неколку опции во делот на снабдување вакцини од Србија, кои ќе ни дадат приоритет. Лично разговарав со амбасадорот на Кина, кој исто така укажа дека е отворена можноста да нарачаме од вакцините на Sinopharm и Sinovac, рече Филипче одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој уште еднаш потсети дека ситуацијата во болниците е прилично мирна, има многу мал број на пациенти кои што се хоспитализирани. Денеска, како што рече, бројот е нешто поголем, има околу 70-тина пациенти кај кои е дијагностициран вирусот, но најдоцна до утре ќе бидат завршени епидемиолошките анкети, за да се види дали има некаква поврзаност со патување во странство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе