Филипче: Не може да живееме вечно затворени

Ги олабавивме рестриктивните мерки, се укина полицискиот час, со јасна порака за задолжително почитување на сите превентивни мерки за лична заштита. Тоа го прават сите земји, тоа е единствениот начин за излез од оваа криза, ние не може да живееме вечно затворени, со затворени граници, со рестрикција на движењето, и одговорноста за враќање во нормала сега е на секој граѓанин на нашата земја, рече министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Жал ми е што има луѓе кои ова не го разбираат, заради тоа што ниту ние во Министерството, ниту епидемиолозите, ниту која било државна институција не може сама да се справи со овој проблем, огромна одговорност имаат и граѓаните“, додаде тој.

Тој најави дека можни се таргетирани, локализирани рестрикции за движење согласно бројот на нови случаи, ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, што и се дискутирало на денешната средба на Комисијата за заразни болести.

На прашање за тоа како би се спроведувал локализираниот карантин, Филипче рече:

„Верувам дека тоа ќе бара една сериозна организација и координација со другите институции, Министерството за внатрешни работи... Морам да кажам дека искрено се надевам дека нема да мора да стигнеме до таму да бараме такви мерки, но сме спремни. На крајот на краиштата, и техничката изведба на нешто што е потребно сигурно ќе се најде начин како да се спроведе, но битно е јасно да се упати сигналот дека сега треба сериозно сите да се придржуваме до мерките. Сите околни земји сега ги отвораат границите и ги прават овие ослобдувања за кои и ние имаме план.“

Карантинот ќе биде по примерот на Дебар, ограничување на движење во рамките на одреден град или дел од земјата, и ограничување на движењето внатре во рамките на тој регион, додаде тој.

Комисијата за заразни болести не одредува термин, туку протокол за одржување на изборите

Министерот Филипче рече дека од Комисијата за заразни болести не било побарано да каже термин, туку протокол за одржување на изборите.

„Тоа што се бараше од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во однос на изборите е протокол за одржување на избори, односно тој медицински-епидемиолошки дел. Во ниту еден момент не се бараше од нас, ниту пак може да се бара термин за одржување на избори“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, додавајќи дека тие се надлежни да кажат во кој период на епидемиолошката крива сме, што се очекувањата и врз основа на што ги темелат, за да се одреди датумот на избори.

Тој вели дека новодијагностицираните се луѓе кои не ги почитувале мерките на превенција во момент кога имаше и полициски час.

Во моментов, додава Филипче, сосем е јасна епидемиолошката состојба и во однос на кластерите и во однос на начините на трансмисија.

„Тоа не значи дека нема да воведеме повторно некакви мерки, сега се размислува повеќе и за некои локализирани мерки и во насока на тоа ќе ги следиме бројките и ќе ги правиме и анализите“, рече Филипче.

Нема да се брза со отворање на градинките

Во однос на почетокот со работа на градинките ќе се запази динамичкиот план што веќе е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, информираше Филипче.

„Веќе почнуваат да се отвораат и уписите за тие деца кои не се запишани и тие што навистина нема каде да ги носат децата, а тоа оди паралелно со оној процес на враќање тогаш кога ќе се одлучи, односно тогаш кога ќе бидат отворени  за вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме со градинките“, нагласи Филипче.

Министерот Филипче потенцира дека апсолутно е дозволено родителите на деца до 10 години да не одат на работа се до отворање на градинките.

„Тие имаат апсолутно легитимно право да не одат заради тоа што мора да ги чуваат децата, а секој прекршок би требало да се санкционира  преку инспекторатите, потенцира Филипче.

Тој посочи дека нема тактизирање со скринингот на градинките околу вклучување во целосната бројка за да се намали процентот на новооткриени заболени.

-Во однос на скринингот на градинките ние го најавивме скринингот како таргетиран скрининг не само на градинките. И ние не бегаме од бројките. Сите се јавно објавени и точно се знае кој е процентот од вкупниот број направени тестови со и без скринингот. И тоа што е побитно, не е само бројката, туку и податоците од епидемиолошките анкети што  ни укажуваат на тоа како стигнало до таа бројка. Тоа е многу битно за да знаеме што да направиме. И ниту еден заклучок не не носи до тоа дека нешто од препораките коишто цело време се на сила треба да се промени, ама не се почитуваат. И тоа е проблемот и затоа ги имаме овие сега нови пациенти, истакна на новинарско прашање министерот Филипче.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе