Филипче: Не очекувам италијанско сценарио

Скопје, 8 април 2021 (МИА) – Италијанско сценарио како фраза се користеше тогаш и сѐ уште се користи за тоа што се случуваше на почетокот на минатата година во Италија кога не можеше да се обезбеди болничко лекување за пациентите бидејќи болниците беа преоптоварени. Мислам дека и претходно, но и сега вакво сценарио не се случи во нашата држава. Обезбедуваме место за болничко лекување, место што значи централен довод на кислород и соодветна форма на терапија, одговори министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на новинарското прашање дали во моментов во државата се случува италијанско сценарио.

-Со брза распределба, ротација и координација што ја имаме со директорите на болниците, обезбедуваме болничко лекување за секој пациент. Во текот на вчерашниот ден имаше намалување на бројките, а денеска се очекува и бројот на позитивни лица да биде помал, изјави Филипче.

Тој изјави дека во однос на вакцинацијата имаат во план да пристапат и кон лицата од посебни категории, односно лицата кои се без здравствено осигурување, бездомни лица или лица без државјанство. Филипче додаде дека во изминатиот период обезбедено е болничко лекување и за лицата кои немаат здравствено осигурување, без плаќање партиципација.

Министерот за здравство посочи дека потребно е да се вакцинираат што поголем број граѓани и дефинитивно сите ќе бидат опфатени во процесот на вакцинација без разлика на статусот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more

Лични документи може да се подигнат и в среда

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе