Филипче: Не очекуваме поголем наплив на пациенти за прием во болница

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Трендовите сѐ уште се во насока на приближно ист процентот на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани. Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Здравствениот дом во Свети Николе.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на бројот на заразени со коронавирусот Филипче рече дека не очекуваат некакво изненадување во смисла на поголем наплив на пациенти кои би биле за прием во болница.

– Во таа смисла продолжува со ист интензитет работата на епидемиолозите на терен. Интензивно тестирање согласно индикацијата, интензивно следење на контактите и нивно ставање во изолација, нагласи Филипче.

 

Тој соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести ги анализирале податоците од претходните две недели, и како што рече, минатата недела има нешто поголем број на Ковид дијагостицирани, но не поголем од претходните три недели.

– Во ГОБ „8 Септември“ повеќе денови по ред има помалку од 100 пациенти кои се третираат, 80 се позитивни, за другите се чека резултат во наредните денови. Има слободни кревети и на Инфективната клиника и на другите инфективни одделенија во општите болници општи ширум државата, посочи Филипче.

Гласањето на болните од COVID-19 досега без проблеми

Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од COVID-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, додаде Филипче.

На ниво на цела држава денеска право на глас имаат 706 лица болни од COVID-19 и во самоизолација, додека утре предвидено е да гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица.  Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Според последните статистички податоци објавени вчера, во земјава од почетокот на епидемијата досега се регистрирани  8.111 случаи на заразени лица, излекувани се 4.203 лица, а починаа 382. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе