Филипче: Нема да отстапиме од тоа децата во градинките и училиштата да бидат вакцинирани

Скопје, 14 мај 2019 (МИА) – Нема да отстапиме од тоа сите деца кои се примаат и во градинките и во основните училишта да бидат вакцинирани. Не смееме кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижиме или да направиме пропуст, па да ни се случуваат вакви епидемии со смртни случаи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во неделата по инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски имале неформална средба со министерот за образование и наука, Арбер Адеми и со министерката за права Рената Дескоска, на која биле присутни и повеќе пратеници, дел од кои се доктори.

– Разменивме мислења. Министерот за образование сакаше тоа прашање да го постави денеска на седницата на Владата за да добиеме и соодветни правни мислења од Секретаријатот за законодавство. Верувам дека до крајот на денот ќе излеземе со усогласено мислење. Верувам дека до утрешниот ден ќе имаме еден усогласен став, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на 12 нови возила за Итната медицинска помош. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе