Филипче: Нема ништо тајно во разговорите со Бугарија, постапките на ВМРО-ДПМНЕ не ги разбирам

Нема тајни разговори со Бугарија, нема никакви скриени сценарија, нема преговори за јазикот и идентитетот. Постапките на ВМРО-ДПМНЕ не ги разбирам, истакна министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ била поканета во Министерството за надворешни работи што, според него, е уште еден доказ дека нема ништо тајно.

– Сѐ е отворено и транспарентно. Ниту еден акт, ниту еден документ, ниту едно преговарање не е скриено и тоа е одлука на оваа Влада. Сѐ е јавно и транспарентно. За Преспанскиот договор имаше референдум. Што се скри тогаш? ВМРО-ДПМНЕ треба да даде поддршка за процесите кои значат заокружување на тој долг пат кон евроинтеграциите, што го помина земјата во интерес на граѓаните, рече Филипче.

Според него, малата излезност на протестите е фијаско на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

– Политиката треба да биде инструмент за да се разговара, да се најде заедничко решение и да се постигне консензус. Тоа граѓаните го очекуваат од нас, рече Филипче.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку дена во Скопје и во поголемите градови низ државата одржува протести против, како што велат, продажбата на националните и државните интереси од страна на власта. Бараат поголема транспарентност во преговорите со Бугарија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе