Филипче: Нема заразени од COVID-19 кои ги почитувале мерките

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) –  Не постои ниту еден единствен анкетен епидемиолошки податок кој што укажува дека некој се заразил со коронавирусот ако ги почитувал мерките, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во емисијата „Само Интервју” на ТВ Канал 5.

– Секаде каде што анализиравме и направивме увид или не се носеле маски или имало голем собир, со огромен број луѓе на мала дистанца, или дистанцата не се почитувала во рамките на некој семејни настани. Ова е уште еден показател дека за да се заштитиме е почитувањето на овие протоколи. Проблемот потекна од 15 до 20 семејства во Скопје, и останати 20 во други делови од Тетово и Куманово. Од тука се тие жаришта од кои 65 до 70 проценти се во рамки на овие кластери, а 30 проценти се контакти надвор од кластерите, рече министерот Филипче.

Тој исто така одговараше на прашања зошто не се воведе целосен карантин за одредени општини во рамки на град Скопје, при што наведе дека во време кога имаше рестрикција на движењето започна бранот и донеле заклучок дека повторно воведување на такви мерка нема да дадат ефект.

– Ние сметавме дека карантинот не е соодветна мерка, заради тоа што тие луѓе веќе имале контакти низ целиот град. Тие контакти ги идентификувавме на поединечно ниво, ги тестиравме и ги ставивме во изолација. Се сведува на почитување на мерките. Ние се соочувавме со ситуација, со која што луѓето многу често дават невистинити податоци што е за секаква осуда. Не е ограничувањето на движењето трајно решение. Да, во еден момент, но секаде во регионот и во светот се докажува дека после олеснувањето има нови заразени. Вирусот е тука, ќе живеме со него. Мора да научиме да се придржуваме на превентивните мерки. Тоа е единственото решение, тоа нашиот сегашен нов живот, така ќе биде до крајот на годината, и следната година се до наоѓање на вакцината. Суштината е дека не може да живеме затворени, мора да ги почитуваме мерките, порача Филипче.

Тој посочи на податокот и дека третина од починатите во државава од COVID-19 доцна дошле на лекар, потенцирајќи дека за секој пациент е апсолутно направено сѐ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе