Филипче: Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште невакцинирано

Скопје, 17 април 2019 (МИА) – Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште невакцинирано. Најдовме и одлуки на Уставниот суд, што претходно одлучувал по претставки доставени од родители во 2014 година и 2015 година. Јасни се одлуките на Уставниот суд дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту има право со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека има доволно МРП вакцини.

Појасни дека мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучиле дека има позитивна законска регулатива и покрај една контрадикторност во Законот за задолжително основно образование, тоа е задолжително за секое дете. Меѓутоа, како што рече, има многу прецизно дефинирани членови во законите за здравствена заштита и за заштита на населението од заразни болести, во правилиците за имунизација, каде таа е задолжителна, дека децата мора да се вакцинираат.

Тој рече дека за неколку опции разговарале во текот на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести и ова биле мерките кои експертите ги препорачале.

– МРП вакцини има сосема доволно, веќе има и нови количествс од новата набавка и тие до петок ќе бидат дистрибуирани во сите центри за јавно здравје. Имаше недостиг на одреден тип вакцини (полио), заради тоа што со постапката за набавка тој тип вакцини се замени со сосема нов. Стануваше збор за ревакцина, а не за редовна и не станува збор за морбили. Ја заменивме со нов ацелуларен тип, кој дава помалку реакции при вакцинирањето и е тренд во светот, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на хемофилија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе