Филипче: Обезбедени се 833.000 вакцини против COVID-19, аплициравме за 800.000 дополнителни дози

Веќе се обезбедени 833.000 ваквини против COVID-19 за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот на СЗО, Глобалната алијанса за имунизација. Ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција кој Ковакс ќе го одреди и многу скоро очекуваме конкретна информација од нив. Покрај овој механизам доставивме барања за директни договори до компаниите AstraZeneca и Pfizer за нивните вакцини и после иницијалните нивни одговори ја чекаме нивната потврда дека дополнителна количина ќе може да набавиме од компаниите. Целта е 60 до 70 отсто од населението да се вакцинира бидејќи експертите сметаат дека е тоа доволен процент на вакцинирано население за да се стекне имунитет.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со Координативното тело за вакцини за COVID-19.

Третиот механизам,посочи министерот, го понудија дел од земјите членки на ЕУ и од нивните билатерални договори со дел од компаниите беа договорени 400 милиони дози за граѓаните членки на ЕУ од кои 100 милиони беа наменети за земјите во Европа кои не се членки на ЕУ.

– Иницијална понуда добивме од Полска, Грција и за тоа веќе аплициравме за 800.000 дополнителни дози од тие 100 милиони кои ќе бидат на располагање, рече Филипче.

Потенцира дека вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците, ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање согласно спецификите на вакцините и сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени.

Вакцинацијата на специфични групи здравствени работници, нагласи, ќе се врши во јавните здравствени установи каде тие работат.

– Во однос на логистиката и транспортот веќе имаме состаноци со повеќер економски оператори кои веќе работат на ова поле, увоз, складирање и дистрибуција на други вакцини. Сите укажаа дека се согласни да се дел од овој систем и ќе ги понудат своите услуги за што ќе подготвиме договори. Дојде потврда од една Американска фондација за потребните фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари и ќе бидат дел од овој систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата, истакна Филипче.

Посочи дека донесена е одлука како приоритет да се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни, делот на здравствени работници кои работат на земањето брисеви, граѓаните на возраст над 65 години и пациентите со хронични заболувања, во делот на хронични белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот „МојТермин“, вработените во критичната инфраструктура и во транспортот.

– Епидемијата е сѐ уште многу силна. Има голем број заразени. Пред нас претстои период на семејни собири и слави. Апелирам и замолувам сите да се воздржиме од прослави и собири. Сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници ќе се слават како што тоа било порано, но оваа година сите да ги почитуваме мерките и да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на патот на заразата, додаде Филипче.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе