Филипче: Огромен дел од новозаразените не се придржувале до мерките

Со оглед на високата бројка на новозаболени во последните 24 часа, министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција.

Министерот Филипче констатира дека ситуацијата е под контрола бидејќи новозаразените се од веќе познати кластери, многумина од исти пошироки семејства кои се заразиле поради непочитување на мерките за групирање или пак од исто работно место.

„70% се од веќе познати кластери, пред сѐ од општините Бутел и Чаир. Новозаболените во Штип се околу оние потврдени од конфекциите. До следниот понеделник ќе бидат затворени 6 конфекции при што околу 600 вработени нема да одат на работа“, рече Филипче.

„Констатирано е дека нема неконтролирано ширење на заразата бидејќи сите новозаразени се поврзани со некои претходни. Денеска дискутиравме и околу евентуално враќање на дел од мерките, меѓутоа сега засега сметаме дека нема причина за такво нешто. Ќе ги следиме бројките во наредните неколку денови, па доколку има причини ќе седнеме и повторно ќе разговараме. Причина за тоа е дека од новозаболените многумина се асимптоматски или пак со многу лесна слика, а точно ги знаеме и контактите и кластерите“, изјави тој.

Филипче истакна дека според анкетирањето на новозаразените, огромен дел од нив се заразиле бидејќи не ги почитувале мерките за заштита зададени од Владата.

„Апелирам до Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши проверки на терен. Засега остануваат да важат сите мерки кои се веќе на сила. Сметаме дека за отворањето на границите треба да се дискутира во деновите пред нас“.

Remote video URL
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе