Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на Facebook објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од COVID-19 сега се целосно оздравени.
– Им оддавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, додава Филипче во објавата.
Во друга објава, тој посочува и дека до крајот на претстојнава недела ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.