Филипче: Парична казна од 30.000 до 70.000 евра за „Македонијалек“

Скопје, 15 јануари 2019 (МИА) – Oфицијалните претставници на компанијата „Глаксо Смит Клајн“ имаа увид во самата вакцина, пакувањето и рокот. Нѐ уверија дека тоа е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории, какви што има само неколку во цела Европа и истата вакцина која практично се користи во сите земји на ЕУ, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Истакна дека ќе ги повикаат на одговорност сите директори на здравствените домови и тие кои ја примиле пратката со вакцини, да им укажат како можело да се случи ваков пропуст, да не се детектира таа разлика меѓу вистинскиот рок, кој е добар и тој на декларацијата, за да преземат и санкции од страна на Министерството кон одговорните во овие институции. Тој рече дека околу 650 кутии вакцини имале погрешни декларации.

– Заврши увидот на инспекторите од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) во сите места, каде беа детектирани вакцините, кои беа со добар и проверен рок, меѓутоа со погрешни декларации. Се констатираше бројот, се напиша извештајот и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на оваа постапка кон веледрогеријата „Македонијалек“. Ќе инсистираме тоа да биде максималната казна, со оглед на тоа што сметаме дека ваков тип на прекршок, кој сериозно го руши угледот на јавното здравство не треба никогаш повеќе да се повтори, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека од страна на Агенцијата за лекови таа казна за веледрогеријата е парична и се движи од 30.000 до 70.000 евра.

– Јас лично заедно со директорот на Агенцијата за лекови ќе инсистирам тоа да биде максималната казна. Договорот со „Македонијалек“ завршува и не можеме ништо повеќе да направиме заради тоа што и последната количина вакцини е повлечена. Тоа е таа количина на која се случила таа грешка. Се надевам сѐ што ќе се преземе од страна на Агенцијата за лекови, која има ингеренции, ќе биде сериозна работа која ќе ѝ укаже не само на оваа компанија, туку и на сите други дека некои постапки треба сериозно да се следат во рамки на нивната технологија на работа, додаде Филипче.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе