Филипче: Полициски час не е трајно решение, мора да се почитуваат мерките за заштита

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полицискиот час не е трајно решение, доколку граѓаните не сфатат колку е важно почитувањето на мерките за лична заштита. Во оној момент кога тој ќе биде укинат, ќе продолжи ширењето на вирусот ако мерките што се носат и препорачуваат не се почитуваат, смета тој.

– И да се препорача некаде целосна рестрикција на движењето, ако граѓаните не се свесни дека мора да ги почитуват мерките истото ќе се случи и по укинувањето на полицискиот час. Значи ни тоа не би било решение. Затоа ја пратиме ситуацијата, се фокусираме на трансмисијата во градинките и училиштата, во случај да треба да препорачаме затворање во некоја од општините ако има таква трансмисија, но засега нема. Затоа сметам дека овој пакет на мерки што го имаме заедно со оние законски измени во Собранието е така димензиониран за да може да функционираат граѓаните, а сепак да биде ставен приоритет на заштита на јавното здравје. Полицискиот час не е трајно решение. Таму каде што мерките не се почитуваат пак ќе има раст на бројките, рече Филипче во гостување на „Топ тема“ на Телма.

Тој прашан зошто не се воведоа препораки и засилени рестрикции во најзагрозените општини рече дека за да се преземат одредени мерки не се важни само бројките, туку дека од големо значење се сите податоци кои се даваат во епидемиолошките анкети, од тоа каква е клиничката слика, дали се трансмисиите ограничени, дали станува збор за кластрери, па и податоци каде и како се заразиле.

– Бројката на новодијагностицирани пациенти од вкупните тестови не значи ништо, затоа што многу се битни епидемиолошките анкети. Каде се луѓето заразени, дали е ограничен кластер, во каква состојба се дали им треба хоспитализација, рече Филипче и додаде дека податоците од тие анкети укажувале дека зголемената трансмисија е резултат на групирањата и оти заради тоа и вака се димензионираат мерките.

Министерот Филипче рече и дека растот на бројот на позитивни и заболени од КОВИД-19 бил очекуван и оти на тоа предупредувале уште во текот на летниот период. Затоа, рече, апелиравме да се почитуваат мерките.

Растот на нови случаи, рече,  го предвидувавме и укажувавме дека може да се случи уште во летните месеци, впрочем не само ние го очекуваа сите земји и гледаме сега дека има илјадници нови случаи во тие земји.

– По попуштањето на рестриктивните мерки на крајот на пролетта имавме некакви протоколи и рестриктивни мерки тие никогаш не беа повлечени. Очекувавме ваков бран затоа што прво луѓето се вратија од годишните одмори, започнаа на своите работни места, поголема концентрација на луѓе во затворени простории, очигледното прекршување на мерките доведе до ваква ситуација, рече министерот Филипче.

реклама

Симптомите на COVID-19 се јавуваат по овој редослед

Read more

Од COVID-19 почина заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи

Read more

Пејџ Вулен: Instagram убавица која лови неверни мажи

Read more

Неколку работи кои никогаш не треба да ги пребарувате на интернет

Read more

Македонија

Филипче: Студенти од шеста година на медицина се вклучуваат во работата на ковид-центрите

Read more

Во Берово утрово најстудено -11 степени

Read more

Протест на ВМРО-ДПМНЕ со блокада пред Влада и МНР

Read more

Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

Read more

Вести

Филипче: Студенти од шеста година на медицина се вклучуваат во работата на ковид-центрите

Читај повеќе

Во Берово утрово најстудено -11 степени

Читај повеќе

Приведени двајца дилери на марихуана од Скопје

Читај повеќе

За неносење маска санкционирани 506 лица

Читај повеќе

Протест на ВМРО-ДПМНЕ со блокада пред Влада и МНР

Читај повеќе

Се воведува редовна авиолинија Скопје-Киев

Читај повеќе

Од COVID-19 почина заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи

Читај повеќе

Ким Џонг Ун се вакцинирал против коронавирус, тврди американски експерт

Читај повеќе

336 нови случаи на КОВИД од 1.181 тестиран, но сѐ уште висок бројот на починати

Читај повеќе