Филипче: Потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се доволни за влез во Грција

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа е само една дополнителна алатка што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на таа апликација. Инаку, појасни, сите наши лаборатории што се акредитирани, Министерството, во однос на вакцините, во делот на тестирањата се практично прифатени тоа е суштината на апликацијата.

Во врска со вакцините, Филипче потенцира дека сега има уште нешто помалку од 5000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се прави ревакцинација.

– Оваа недела треба да дојдат 70 илјади вакцини, 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на AstraZeneca. Сѐ уште немаме потврда за типот на вакцини, рече Филипче и додаде дека редовно секој понеделник пристигнуваат вакцини на Pfizer и се очекува да стигне голема количина вакцини, за кои сѐ уште нема точен датум, а биле најавени за почетокот на јуни.

Тој посочи дека епидемијата спласнува, меѓутоа апелира граѓаните да останат внимателни.

– Маската е добар механизам. Се тргнува и забраната за групирање. Меѓутоа, добро е да се има предвид, да се има при рака, ако има групирање макар и надвор иако е топло, да може да користи. Истото тоа важи и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме сега стабилна ситуација меѓутоа навистина никој не може да предвиди не само ние, туку каде било во светот како понатаму ќе се одвива понатаму епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Македонија

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more
 

Вести

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе