Филипче потврди 67 новозаразени, уште нема одлука за локализирани карантини

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција за актуелната состојба со COVID-19 во земјава.

Претходно, Институтот за јавно здравје соопшти дека има повеќе од 60 нови случаи со COVID-19 регистрирани во изминатите 24 часа во државава и еден починат пациент.

Филипче нагласи дека не се стигнати бројките од една приватна лабораторија поради што списокот по градови ќе биде објавен подоцна. Вкупната бројка на заболени од 868 тестирања во изминатите 24 часа изнесува 67.

Има 25 оздравени и еден починат пациент.

Во Клиниката за инфективни болести примени се 6 нови пациенти, што значи дека има вкупно 40 хоспитализирани таму и нема пациент на механичка вентилација, а на кислородна поддршка има 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 27 пациенти, од кои 6 на респираторна машина. Во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а во Штип 14.

На инфективните одделенија во Охрид, Велес и Штип има вкупно 27 хоспитализирани пациенти со COVID-19.

Во Штип затворени се шесте конфекции, ќе се тестираат ооколу 600 вработени. Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти. Извршени се 100 тестирања, а во тек се уште 485 тестирања на вработените, како што претходно информира на прес-конференција Иринка Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Во Тетово се издадени осум решенија на лица кои биле позитивни на COVID-19 за домашно лекување и самоизолација, а 54 решенија за здравствен надзор и изолација по основ на контакти. Досега се завршени 70 тестирања од планираните 150.

Комисијата за заразни болести уште нема донесено одлука за нови рестриктивни мерки, ќе ги следи бројките и во наредните денови ќе даде предлог за евентуални локализирани карантини.

Во рамки на скринингот, во приватен дом за стари лица, што има објекти во Ченто и Кадино, во едниот се позитивни две штитенички, а во другиот тројца вработени. Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација, рече Филипче.

„Досега се направени 100 тестирања. Еден дел од вработените се наоѓаат на своите работни места, меѓутоа тоа е со цел да се направат тестирања, значи да се земат брисевите и материјалите. Во Тетово се издадени осум решенија за позитивно дијагностицирани пациенти, 54 за нивни контакти. Имаме и информации за еден нов кластер, еден позитивен со решение за самоизолација и се прават анкети на 40 вработени. Тоа е во еден правен субјект во Тетово. До вчера таму се направени вкупно 70 тестирања, а планирани се 150, од тоа што го најавив на вчерашната прес – конференција“, потенцира Филипче.

Во однос на активностите на други места, посочи дека од вчера има 12 позитивни регистрирани од кумановскиот Центар за јавно здравје, од кои 11 се од Липково. Во Липково, рече, интензивно денеска работи екипата на Центарот за јавно здравје во Куманово помогната од епидемиолозите од Кратово и Крива Паланка и интензивна работа во Скопје во Чаир и во Студеничани.

„Огромен број контакти од вкупно дијагностицираните се во рамки на десет семејства, и тука се прават интервјуа, се ставаат луѓе во изолација, и се тестира согласно ризикот кој епидемиолозите го проценуваат од анкетите“, додаде Филипче.

Полицаец од пограничната полиција, кој бил на должност на јужната граница на нашата држава, по враќањето во Унгарија бил тестиран и е позитивен на коронавирусот.

„Вчера биле направени анкети на триесетина странски полицајци на јужната граница и 30 наши, кои биле во контакт со полицаецот кој заминал. Анкетите се завршени и издадени се решенија за изолација“, рече министерот.

Прес-конференцијата е во тек.

Remote video URL
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more
 

Вести

  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе