Филипче: Препораката е онлајн настава, а родителите ќе имаат право на избор

На денешната заедничка прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми, беа споделени информации за состојбата со COVID-19 во земјава и светот, како и за плановите за почнување на учебната година.

„Во овој момент ситуацијата е стабилна, но ние сепак интензивно се подготвуваме за есенските месеци, кога претпоставуваме, како и многу други земји, дека ситуацијата ќе се комплицира, бидејќи е сезона на респираторни проблеми“, рече министерот Филипче.

Во однос на наставата на училиштата, и покрај тоа што, секако, крајна цел е децата да се вратат во училиште, додека и ние и целиот свет сме соочени со коронавирусот, секако дека децата треба да следат настава. Но треба да бидеме максимално свесни, внимателни, да се намали ризикот од ширење на вирусот, а образовниот процес да биде безбеден за здравјето на децата, наставниот кадар и секако семејствата на децата коишто одат во училиште, рече Филипче.

„Образовниот процес е од неспорно значење, но не смееме да го занемариме здравствениот аспект и можноста за трансмисија на вирусот во училиштата, неколку пати кажавме дека сè може да се надомести, освен здравјето“, нагласи министерот за здравство.

„Имајќи го предвид ова и искуствата од некои други земји, нашата препорака од Комисијата за заразни болести е училиштата да почнат со настава онлајн, со два исклучоци: еден за децата од прво до трето одделение, и тоа имајќи го предвид фактот дека инциденцата кај малите деца е најмала и имаат сосема лесна форма на болеста или се практично асимптоматски носители. Сепак, по барање на родителот, децата од прво до трето одделение ќе може да ја следат наставата целосно и онлајн. По консултациите, решивме да дозволиме да има избор од страна на родителите, а причината е што во одредени семејства има родители коишто се хронично болни, со висок ризик, понатаму децата ги чуваат дома повозрасни членови на семејството како баби и дедовци коишто исто така можно е да имаат хронични болести“, објасни Филипче.

Вториот исклучок е таму каде што во школите или во регионалните училишта има мал број на деца во класот или мал број на класови во училиштата, согласно епидемиолошката состојба да добијат дозвола наставата да ја организираат со физичко присуство.

Прес-конференцијата е во тек.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе