Филипче: Притвореникот во Шутка бил позитивен на COVID-19, починал од срцев удар

Министерот за здравство Венко Филипче на денешниот брифинг извести за состојбата со COVID-19 во нашата земја.

На Клиниката за инфективни болести се примени 5 нови пациенти, со што вкупната бројка на хоспитализирани пациенти таму изнесува 68, од кои со потешка слика се 20 пациенти, а 7 се во критична состојба на респираторна машина.

На Клиниката се примени мајка и четиримесечно бебе од Кочани со стабилна клиничка слика и тие конзилијарно се следат и се во стабилна состојба.

Кај 4 пациенти кои се лекуваат на Клиниката, се чека вториот контролен тест и ако се покаже негативен по втор пат ќе бидат пуштени дома.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 25 пациенти од кои 5 се во тешка состојба на интензивна нега и се приклучени на вештачка вентилација.

Во Битола има 4 пациенти на болничко лекување, а на 1 пациент му е потребна кислородна поддршка.

Во Штип четворица пациенти се на болнички третман со лесна клиничка слика.

Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на COVID-19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица, извести министерот Венко Филипче.

Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тест на COVID-19.

Филипче извести дека денеска се отвараат понудите за респираторни машини, а во тек се постапките за заштитна опрема и реагенси за лабораториите.

Има еден притвореник во затворот Шутка кој починал од срцев удар. Бил примен во затворот на 8 март без сиптоми и на обдукцијата бил позитивен на коронавирусот. Во тек се епидемиолошките анкети на контактите за ова лице.

Во Домот за стари лица во Битола примен е еден штитеник на 18.03 кој подоцна бил пренесен во болница со покачена температура, а по неколку дена имал позитивен тест на коронавирус. Земени се брисеви на контактите, а Државниот инспекторат ќе ја испита постапката од примање до давање нега на пациентот.

Прес-конференцијата е во тек и Филипче одговара на новинарски прашања.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе