Филипче: Регионалната работна група интензивно работи на одлука за отворање на границите

Заедничката регионална работна група за отворање на границите сè уште нема донесено одлука, но интензивно работи на тоа и штом биде постигнат консензус ќе се одржи состанок на кој ќе биде донесена и одлуката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Точно е дека неколкупати ја одложуваме дискусијата за отворање на границите. Причината е што работната група се оформи малку подоцна од тоа што инициравме заради респонсибилност и на останатите земи. Станува збор за работна група на стручни луѓе, лекари и епидемиолози од повеќе земји од Западен Балкан плус Бугарија и Грција – проект кој го поддржа и Американската амбасада во смисла на добра регионална поддршка. Целта е да направиме заедничка политика за границите затоа што ниту една национална политика нема никаква логика ако се границите затворени, затоа што првиот момент кога ќе бидат отворени сето тоа губи смисла, одговори Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање.

Сè уште се разгова и врз основа на споделување на информациите и градење канали за комуникација помеѓу сите овие земји, како што рече, евентуално во смисла на можно предупредување за некои ризични региони во рамки на повеќето од овие земји, ќе можеме да направиме целосна слика за епидемијата во регионот за која што нашите сознанија се од официјалните податоци, меѓутоа сакаме да ги споделиме меѓу себе и во рамки на таа група.

-Сега во овој момент интензивно се работи и првиот момент кога ќе има еден консензус сите да го финализираме овој првичен дел од таа работна група со заеднички состанок ќе донесеме и одлука, рече министерот за здравство.

Тој вели дека засега не се планира карантинот кој беше применет како мерка во почетокот на кризата предизвикана од пандемијата со COVID-19 и  се надева дека ќе нема потреба.

-Затоа се овие мерки претходно помеѓу сегашната ситуација и тој целосен карантин. Искрено се надевам дека и тие нема да се имплементираат и сме сигурни дека може да не го направиме тоа ако се почитуваат сегашните мерки кои што се препорачани. Но подготвуваме план заради тоа што видовме искуство од многу други земји, Израел или најавите во Велика Британија, Франција се соочува со огромен број на дијагностицирани случаи и во таа смисла се нашите подготовки како на здравствениот систем така и во епидемиолошкиот, претклиничкиот дел каде што треба да се влијае на намалување на трансмисијата, вели Филипче. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе