Филипче: СДСМ се консолидира како силна опозиција, ќе се спротивставиме на сите погрешни политики

СДСМ забрзано се консолидира после последните избори, имаме предизвици, но немаме дилеми за правецот во кој што се движи партијата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Во своето обраќање, Филипче посочи дека СДСМ ќе биде конструктивна опозиција и ќе ги поддржи политиките кои се во интерес на граѓаните.

„СДСМ е единствената кредибилна и силна опозиција на актуелната власт. СДСМ имаше грешки во минатото. Ние сме свесни за нив, отворено зборуваме за нив и се трудиме да учиме од нив. Но, СДСМ никогаш не направи грешка во однос на стратешките интереси на оваа држава како што е тоа случај со актуелната власт. СДСМ е подготвенa директно да се соочи со изневерените очекувања, изговорите и разочарувањата од власта после првите 100 дена од нивното владеење. СДСМ директно и без калкулации и со сите демократски методи кои ни се на располагање ќе се спротивстави на сите погрешни политики“, рече Филипче.

Тој нагласи дека за СДСМ политиките за евроинтеграција, повисоки плати, пензии, социјална заштита и добрите меѓуетнички односи остануваат столб на дејствување на партијата.

„Нема да дозволиме Мицкоски да ја претвори Македонија од држава во првата лига на држави кои напредуваат кон ЕУ во тажна и изолирана периферија на Европа. Нема да дозволиме системот на постојан раст на минималната плата, на просечната плата и на пензиите да се претвори во политика на продуцирање на нова сиромаштија, нов бран на иселување и на евтина работна сила. Нема да дозволиме она што го направивме како систем за раст на платите и пензиите да се претвори во политичка алатка на Мицкоски за уценување на работниците и пензионерите“, рече Филипче, и додаде дека СДСМ се залага за Македонија како држава на слободни граѓани, со пријатели во регионот, во Европа и во светот, држава во која ќе се врати довербата во подобра иднина.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Македонија

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Read more

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Read more

СДСМ е против промена на државниот грб

Read more

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Read more
 

Вести

Cuban Fire – Националниот џез-оркестар свири афрокубанска музика

Читај повеќе

Денеска е Светскиот ден на радиото

Читај повеќе

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Читај повеќе

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Читај повеќе

СДСМ е против промена на државниот грб

Читај повеќе

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Читај повеќе

Македонски концепт со цврста поддршка за усвојување нов македонски грб

Читај повеќе

Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Читај повеќе

Клучниот човек на Путин: Украина е блиску до распад

Читај повеќе