Филипче: Се надевам дека и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Анализите на трендовите во изминатите денови покажуваат дека во овој момент имаме неколку локации во земјата каде има брзо ширење на вирусот и кластери кои се настанати најчесто како резулат на непочитување на пропишаните превентивни мерки. Групирање на граѓаните на семејни прослави и забави, неносење заштитна опрема, непочитување на мерките од страна на компании за превоз и организација на работата се главните причини за раст на новозаболени во Скопје, кумановско-липковскиот регион, Тетово со околните општини и Штип и околината, истакна на прес – конференција вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, добро е што во останиот дел од земјата состојбата е стабилна со спорадични случаи, а тоа е потврда дека, како што вели, стратегијата дава резултат онаму каде мерките се почитуваат. Со цел спречување на ширење на заразата, додаде тој, Владата одлучи да го врати полицискиот час.

-Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и задоцнета или слаба активност за казнување од страна на наделжното министерство. Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита. И после одржани речиси 100 прес-конференции и илјадници пати повторени апели и пораки еден дел од граѓаните сѐ уште одбиваат да ја прифатат реалноста, да прифатат дека одговорноста е на секој поединец. Не треба да дозволиме дури од кога ќе се разболиме да разбереме колку е вирусот опасен. Ние здравствените работници, Владата, институции не можеме да направиме ништо без граѓаните, рече Филипче.

Одговорно тврдам, вели Филипче, дека сите мерки и одлуки и сите пораки кои ги испративме до јавноста беа прецизни, медицински издржани и навремени. Старегијата даде резултат, имавме одлични резултати, а доказ се, како што посочи, општините кои се целосно стабилни како Дебар каде со недели нема нови случаи.

Според него, се што се користи како стратегија во светот е направено и кај нас, но она што не може да се контролира во целост е однесувањето на луѓето. Здравствениот систем, рече Филипче, е подготвен да пружи грижа за секој пациент.

-Верувам дека враќањето на рестрикциите на никој не му паѓа лесно. Верувам дека можеби се чувствувате и обесправени, бидејќи најголем дел од вас доследно се придржуваат до мерките за што многу благодарам. Имам обврска како министер да направиме сѐ за заштита на колективното здравје и на здравствениот систем кој не смееме да дозволиме да се оптовари. Тоа го правевме досега, тоа ќе продолжиме да го правиме додека не излеземе како победници. Сакам да испратам пораки до сите кои имаат влијае врз мислењето на граѓаните, политичарите, медиумите, верските лидери, и сите останати –  ако било кога во историјата на земјата било потребно единство и заеднички интерес тоа е сега. Ако сите се заложиме и секој со своето влијание се бори за заедничката цел а тоа е здравјето на граѓаните ќе успееме многу брзо да го надмине и овој втор бран, кажа министерот Филипче.

Тој најави дека од понеделник ќе се решава како ќе се продолжи понатаму во однос на примената на мерките.

Скопје е една функционална единица, со полицискиот час го штитиме целиот град

Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје ги предлагаме за сите општини, бидејќи градот практично е една функционална единица, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

– Анкетите од разговорите во прашалникот со заболените за нивните контакти покажаа дека циркулирале низ целиот град и ова е мерка со која ние практично го штитиме цело Скопје. Не станува  збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки  коишто се имплементираат во општините, а согласно податоците коишто се добиваат  од епидемиолошките анкети. Врз основа на тие анкети се прават целни анализи, детални истражувања на движењето на контактите и нивните контакти. Ние денеска точно знаеме колку луѓе ќе бидат интервјуирани утре и веројатно рано утре изутрина ќе знаеме колку луѓе ќе бидат интервјуирани за два дена, рече Филипче на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во рамките на кластерите познати се дури и над 90 отсто од контактите и нагласи дека ситуацијата е целосно под контрола.

Прецизира дека многу пати се соочуваа епидемиолозите да наоѓат отпор кај граѓаните и пациентите да ги дадат вистинските податоци дури и да се согласат да дадат интервју што, како што рече, во некои случаи  се надминуваше дури и со асистенција со полицијата.

Со воведените мерки за ограничено движење во Скопје, Куманово, Штип и Тетово, посочи, практично се штити близу две третини од вкупното население во земјава.

-Воведувањето на ограничувањето на движење е уште еден доказ дека во овие региони каде што се детектирани нови случаи всушност не се почитувани мерките. Таму кадешто целосно се почитуваат пропишаните превентивни мерки, нема да има ваков строг полициски час. Рестрикцијата на движењето  е нешто што дополнително ќе помогне во идентификување на контактите, ставање во нивна изолација или  на дел од нив тестирање според идентификација според степенот на ризик, како дополнителна мерка за да се спречи трансмисијата на вирусот, потенцира Филипче.

На прашањето зошто само по неколку дена од укинувањето на полицискиот час повторно се воведува забрана за движење, Филипче рече дека деталната  анализа на анкетните листови  Сите овие случаи блзиу 90  проценти, а тоа го покажала дека новозаразените всушност се заразиле до COVID-19 на семејни  настани во изминатите десетина и нешто повеќе денови.

-Тие луѓе циркулирале низ својата околина, во своите општини, но и во градови кадешто живееле или во најблиските градови доколку живеат во околината на Куманово или Тетово. Тоа е исто така податок кој доаѓа од анкетните листови. И ова е една дополнителна мерка за којашто мислиме дека  на некој начин ќе го елиминира ширењето на вирусот, посочи Филипче.

Како позитивен пример го истакна Дебар каде, како што кажа, има само еден епидемиолог, но ширењето на вирусот практично е спречено заради целосното придржување на пропишаните мерки од страна на населението.  

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе