Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети, сите да се придржуваат до мерките

Се соочуваме со силен бран на COVID-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво во болницата во Козле, каде има 40 кревети и кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“ со кадарот кој работи таму, а до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Исполнети се болничките инфективни одделенија во другите градови.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски. Посочи дека граѓаните мора да покажат поголема свесност и да ги почитуваат мерките.

Законот за заштита на населението од заразни болести, потенцира тој, утре е во собраниска процедура и верувам сите пратеници свесни за тежината на ситуацијата во која се наоѓаме дека брзо ќе го изгласаат.

– Тој пакет мерки, кој таму е предложен заедно со овој кој е на сила веруваме дека може значајно да го редуцирааат преносот на вирусот. Во овој момент сметаме дека дополнителен пакет и некоја друга форма на мерки не треба да се имплеметираат, ниту да се препорачуваат. Уште еднаш апел сите да се приддржуваат до овие мерки и така со сопствената одговорност ќе придонесат епидемијата да стивне, рече Филипче.

Министерот нагласи дека на денешната седница на Владата е ставена информација со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со ЕУ за набавка на лекот ремдесивир и освен преку СЗО тој од следниот период ќе биде достапен и преку оваа набавка. За многу кратко време, посочи Филипче, очекуваме по потпишување на договорот да стигне во земјава.

– Се обезбедија дополнителни капацитети и број на тестови во повеќе институции. На дневно ниво 150 повеќе тестови во Институтот за јавно здравје, 100 односно двојно повеќе во Центарот за јавно здравје, што го обезбедуваме со лекар микробиолог, кој ќе работи и втора смена и 100 во лабораторијата во болницата во Козле. Значи 350 повеќе тестирања во текот на денот. Почнуваме уште една паралелна постапка, сега многу забрзано со скратени рокови за што чекаме мислење од Бирото за јавни набавки за брзите тестови, за да имаме една количина која може и порано да стигне во однос на тоа што иницијално го почнавме, истакна Филипче.

Тој рече дека изутрината имале состанок со Комисијата за заразни болести, а после тоа и со Штабот, а во среда закажале состанок со сите 56 приватни интернисти во државата, кои имаат договор со Фондот, од кои половината се во Скопје, за да може да се вклучат во системот на дежурства во сите болници каде се лекуваат болните од COVID-19.

– Во однос на најавената помош од НАТО, 60 респиратори и лична заштитна опрема ќе пристигнат во земјава во петок, после што соодветно ќе бидат распределени во јавните здравствени установи, додаде Филипче.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Свет

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе