Филипче: Се влоши здравствената состојба на родилката од Куманово

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ја одржа редовната прес-конференција во Владата, каде ги изнесе најновите податоци за новозаболените пациенти од коронавирусот.

„На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени четворица пациенти, моментално се хоспитализирани вкупно 67 од кои шест се на механичка вентилација, 12 се со потешка клиничка слика, за жал има влошување на состојбата и на родилката од Куманово, таа сè уште е респираторно самостојна, меѓутоа со значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови, интензивно се прати нејзината состојба. Во градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти од кои тројца се на респираторна машина, а девет со потешка клиникчка слика“, информира Филипче.

Вчера, како што соопшти тој, во клиничката болница во Битола пристигнале сите пациенти од болницата во Охрид.

„Сега таму ќе се лекуваат како центар кој е регионален за третман на сите пацинети од овој регион имајќи ја предвид добрата инфраструктура, физички одделеното Одделение за инфективни болести од зградата на болницата и доволниот број на инфектолози и анестезиолози доколку затреба поддршка во смисла на интубација и респираторна машина“, посочи Филипче.

Додаде дека во Штип се хоспитализирани четворица пациенти – еден со средно-тешка клиничка слика и тројца со лесна клиничка слика.

„Во Скопје на Клиниката за дигестивна хирургија еден од среднотехничкиот персонал практично кажал дека има заболени во семејството, сè уште непотврдени за коронавирусот. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат сите луѓе кои во изминативе два-три дена биле со него на работно место, се во автоизолација ставени и согласно резултатот од брисевите на вработениот и членовите на неговото семејство ќе се постапи понатаму со неговите колеги на работа“, информира Филипче.

Тој соопшти дека денеска оствариле посета во болницата во Куманово со државниот секретар, претставници на Интитутот за јавно здравје и Министерството за здравство.

„Со оглед на тоа што кај 18 вработени веќе е дијагностициран вирусот COVID-19  направена е реорганизација на работата. Најмногу е афектирано инфективното одделение. Тоа го дискутиравме и во текот на изминатиот период и затоа има доктор од Штип и Скопје кои ја водат работата на инфективното одделение. Од вкупно 700 вработени покрај овие луѓе кои се дијагностицирани има уште 80 кои се во самоизолација и за кои ќе се направи тестирање согласно периодот на инкубација откако тој ќе помине“, рече министерот.

Со денешните потврдени 29 нови случаи на заразени од коронавирус, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во земјава достигна 599 лица.  Пет пациенти заболени од коронавирусот починаа, четворица од нив на Инфективната клиника во Скопје – еден од Куманово, пациентка од Лабуништа, од Челопек, една пациентка од Штип и уште еден починат во Куманово

Министерот им го честиташе Светскиот ден на здравјето на своите колеги, медицинските работници кои се на првата борбена линија и спасуваат човечки животи.

На новинарско прашање тој одговори дека засега нема да се спроведе 24-часовен карантин од две недели.

„Во овој момент ги разгледуваме статистиките, дека покрај овој мал пик имаше значајна разлика во бројот на новодијагностицирани пациенти, дека  е на некој начин, да го наречам лажен пик, бидејќи циљано се тестираше на поголема група граѓани во Куманово кои беа прволиниски контакти со заболените и после тоа се вративме на вообичаената бројка меѓу 20-30 пациенти дијагностицирани во текот на 24 часа што претставува линеарен раст на бројот на пациенти, рече Филипче, одговорајќи на новинарско прашање.

Според Филипче, засега нема најава дека статистиките ќе поминат во некаква позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти.

-Сметаме дека овие мерки се доволни, целосно ограничен викенд, разграничување на двете старосни групи и соглансо тие резулати сме подготвени да интервенираме во мерки, додаде министерот Филипче.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе