Филипче се врати во операционата сала
Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека се вратил во операционата сала.
„Повторно во сала на операција. Утрово со колегите на Неврохирургија извршивме успешна операција кај 28-годишна пациентка. Поради проблем со кичмата и неможноста од движење на ногата, неопходна ѝ беше итна интервенција. По операцијата таа е во добра состојба и закрепнува“, напиша Филипче.
Венко Филипче дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година. Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003, а завршила во 2008 година. Во 2004 година бил избран за асистент на факултетот.
Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена “Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми” во 2015 година.
Пред да стапи на министерската функција бил советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.