Филипче со нови мерки: Носење маски на отворено, забрана за повеќе од 4 гости дома

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нови мерки кои ќе бидат предложени до Владата со цел справување со пандемијата на коронавирусот.

Како што кажа министерот, според направената анализа, донесени се следните предлог-мерки на Комисијата за заразни болести што ќе ги достави до Владата на усвојување, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот:

- Забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 22 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории.

-Се забранува групирање во домовите на семејни прослави, слави. Во едно жиивеалиште дозолено е да се примаат дополнителни четири лица, рече министерот.

Тој додаде дека анализите покажале дека сериозен процент од новозаразените се токму од ваков тип настани и затоа, како што истакна, сакаат тоа да го превенираат, а со оваа нова мерка ќе се избегне и забавите од кафулиња и барови да се префрлат во домашни услови.

Со новите мерки се предлага и забрана за групирање на јавен простор по 22 часот на повеќе од четири лица. Забрана за собирања на поголема група по паркови, бензиски пумпи и било каде на отворено.

-Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт. Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватно возила на членови на едно семејство, при седење во угостителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата, рече Филипче.

Исклучок од мерките за носење маска ќе имаат децата до шест години.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Македонија

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Read more

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Read more

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Read more

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Read more
 

Вести

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе