Филипче со семејството на Емилија Динева: Органодарителството е највисок чин на човекољубие и хуманост

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имал средба со семејството на Емилија Динева од Дојран, жената која почина од последици по сообраќајна несреќа и чие семејство се согласи нејзиното срце и бубрези да им бидат пресадени на тројца луѓе кои по операциите се во добра здравствена состојба. На средбата присуствувал и градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, соопшти министерот Филипче на Facebook.

– На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа. Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, напиша Филипче на својот профил на Facebook.

Првата трансплантација на срце во нашата земја беше извршена кај 54-годишниот Иван Огненовски од Скопје, ноќта меѓу 22 и 23 мај. Шестчасовната операција ја направи тим од хирурзи од Државната кардиохирургија и од приватните болници „Жан Митрев Клиник“ и „Аџибадем Систина“, предводен од д-р Сашко Јовев. Пациентот е стабилен, а во добра здравствена состојба се и двајцата пациенти на кои од починатиот донор им беа пресадени бубрези.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more
 

Вести

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе