Филипче: Со трансплантацијата на срце испишавме историја во кардиохирургијата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, утровo го посетија пациентот Иван, на кој му беше трансплантирано срце.

Фото: Facebook профил на Венко Филипче

Иван е во добра здравствена состојба и тој денеска заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување. 

„Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!“, напиша министерот Филипче на неговиот Facebook профил. 

Претседателот Заев му посака добро здравје истакнувајќи дека Иван е храбар човек.

– Ви посакувам добро здравје, вие сте храбар човек и имаме златни луѓе, здравствени работници кои се грижат максимално за нашите пациенти. Вие сте нашата гордост. Имаме вредни и учени здравствени работници. Правиме сѐ да им ги подобриме условите и да ги задржиме нашите лекари во јавното здравство. Нема повредна работа од еден спасен човечки живот, рече Заев.

Осврнувајќи се на досегашните достигнувања, претседателот Заев истакна дека во изминатите три години ги подобриле условите во над 30 јавно здравствени установи и инвестиравме во набавка на нова, современа медицинска опрема.

– Ги зголемивме и платите на лекарите специјалисти, на медицинските сестри, но и на помошно-техничкиот персонал во здравството. Со тоа, го подигнавме нивото на  здравствената заштита за пациентите и овозможивме подобри услови за работа за нашите здравствените работници“, истакна претседателот Заев и додаде дека во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе инвестиции во здравството, за уште подобар здравствен систем.

Филипче истакна дека платите во здравството ќе ги зголемат за 40 отсто до 2024 година, односно по 10 отсто секоја година.

– Триесет и три милиони евра вложуваме во одделенијата за интензивна нега, за нивна модернизација и набавка на современа опрема, посочи Филипче.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе