Филипче: Состојбата во болниците е стабилна, вакцинацијата добро се одвива

Состојбата во болниците е стабилна во смисла да нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Во текот на вчерашниот ден и утрово има доволен број слободни болнички кревети. После мини притисокот во понеделникот следните денови е еднаков бројот на испишани и примени пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Остануваме, посочи министерот, и викендов со истиот систем на ротација и менаџмент на местата меѓу институциите во Скопје и од државата кон скопските клиники и болници каде се сместени пациенти со COVID-19.

– Во делот на вакцинацијата процесот добро се одвива. Некаде околу 13.000 граѓани се вакцинирани со вакцината на AstraZeneca. Останатите се веќе прераспределени по институциите и пунктовите ширум државата и тоа продолжува со истата динамика, нешто позголемена е фреквенцијата на закажување во текот на оваа недела, рече Филипче и додаде дека во салата „Борис Трајковски“ се одвива вакцинацијата на постарите граѓани на возраст од 73 и 74 години.

Тој потенцира дека заклучно со вчерашниот ден вкупно се вакцинирани околу 35.000 граѓани.

– Во понеделник ги очекуваме да стигнат вакцините на Pfizer, што беше потврдено во текот на вчерашниот ден и утрово. Тие ќе стигнат со авионски превоз до Софија и со специјален транспорт ладен ланец во попладневните часови во понеделник ќе стигнат во Скопје. Ние сме подготвени да ги преземеме во делот на административните постапки, сè што треба за давање на дозволите и вообичаениот начин, така како што беа сместени првите количини од вакцините на Pfizer, додаде Филипче. 

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе