Филипче: Стапката на смртност од COVID-19 е далеку под европскиот и светскиот просек

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи извести за стапката на смртност од COVID-19 во нашата земја.

„ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек“, нагласи Филипче, приложувајќи и графикони.

„Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од COVID-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска“, додаде Филипче.

Тој апелираше да се престане до деструктивно делување и политизирање на темата со коронавирусот, нагласувајќи дека здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата.

„Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции.“

Од Министерството за здравство тврдат дека процентот на смртност од вкупниот број потврдени со COVID-19 во Р.С. Македонија изнесува 5,8 отсто, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7,3 проценти, Босна и Херцеговина со 6,2 отсто, Грција со 6,0 проценти.

Процентот на смртност кај нас е под светскиот просек кој изнесува 6,17 отсто и далеку под европскиот просек кој е 8,75 проценти.

Ако се земат предвид процентите на високо-развиените европски земји како што се Белгија со 16,26 отсто, Франција со 15,63 отсто, Италија со 14,31 проценти, Велика Британија со 14,02 отсто и Шведска со 12,03 проценти, Република Северна Македонија има два до три пати помала стапка на смртност, потенцираат од МЗ.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе