Филипче: Студенти од шеста година на медицина се вклучуваат во работата на ковид-центрите

Лекари и медицински сестри од Воено медицинскиот центар (ВМЦ) и студенти кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денеска почнаа да волонтираат во ковид-центрите во Скопје. Првата група лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата, соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче изутрината на состанокот на Интерните клиники со преставниците од ВМЦ и студентите ја поздрави нивната одлука и желбата да помогнат во работата на ковид-центрите.

– Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со COVID-19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате можност да го видите во вашата кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем, но и предизвик, рече министерот Филипче на состанокот.

Студентите од шеста година ќе бидат распределени во центрите каде ќе работат под менторство на лекари специјалисти и ќе стекнат искуство во делот на клиничката пракса, се наведува во соопштението. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе