Филипче: Утрово го посетив Иван, изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и јавноста

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце.

– Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации, рече министерот Филипче, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Пред два дена, првпат во Северна Македонија се изведе трансплантација на срце. Со овој голем исчекор се испиша историја во македонското здравство, во македонската кардиохирургија.

– Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и на алтруизам. По дијагностицирањето на мозочната смрт, семејството се согласи да ги донира срцето и бубрезите од починатата пациентка и се даде шанса за втор живот на тројца пациенти. Оваа комплексна операција, која за првпат се изведе докажа дека здравјето на граѓаните е на прво место, и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлики, се вели во соопштението од МЗ.

На трансплантацијата работеа стручен и врвен тим на кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и Националната Координаторка за трансплантација д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување.

реклама

Италија личи на чизма, Албанија на кондом, а Македонија?

Read more

Стивен Хокинг бил во право: Случајно откриено важно својство на црните дупки

Read more

Дали на Словенците им се исплатеше воведувањето на еврото?

Read more

Помогнете му на телото најдобро да го искористи витаминот Д

Read more

Македонија

И Заев и Мицкоски убедени во победа на локалните избори

Read more

Мицкоски: Освен морална, мора да има и кривична и политичка одговорност

Read more

Заев: Трагедијата во Тетово да не се користи за политичко профитерство

Read more

МЗ: Во Скопје има 139 заразени основци и 70 средношколци од коронавирусот

Read more
 

Вести

И Заев и Мицкоски убедени во победа на локалните избори

Читај повеќе

Мицкоски: Освен морална, мора да има и кривична и политичка одговорност

Читај повеќе

Заев: Трагедијата во Тетово да не се користи за политичко профитерство

Читај повеќе

Нереални сцени: Талибанците вооружени со минофрлачи возат педалини

Читај повеќе

Полска треба да плаќа 500.000 евра дневно за одбивање да затвори рудник

Читај повеќе

Дали на Словенците им се исплатеше воведувањето на еврото?

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура и серија торнада ја погодија Италија

Читај повеќе

МЗ: Во Скопје има 139 заразени основци и 70 средношколци од коронавирусот

Читај повеќе

Нови 154 случаи на COVID-19, пријавени се 12 починати лица

Читај повеќе