Филипче: Верските лидери да апелираат до граѓаните да седат дома за празниците

Скопје, 9 март 2021 (МИА) – Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Филипче потенцира дека натамошните мерки ќе се димензионираат зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките и зависно од проценката на ризикот.

Филипче подвлече дека во ваква ситуација како актуелната, кога здравствениот систем е оптоварен, нема да биде ништо друго критериум за воведување мерки освен заштитата на граѓаните.

-Многу е битно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските. Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ние ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките за тој период, истакна Филипче.

Во врска со барањето на опозицијата за негова оставка и за обвинувањата како се менаџира КОВИД-ситуацијата во земјава, Филипче напомена дека се пласираат лаги и невистини со единствена цел, да се соберат политички поени на сметка на починатите.

-Обвинувањата и барањата за оставка на опозицијата се темелат на нешто што е неиздржано, за жал. Никогаш немаше конструктивен предлог. Се што обвинуваат се лаги, невистини и клевети. Неколку пати тоа се докажува во изминатиот период, а и ова последното што се случува – некои членови на ВМРО-ДПМНЕ отворено истапуваат во јавноста, зборуваат и кажуваат нешто што оди во прилог на антивакцинална кампања. Подгреваат сомнеж во вакцините, во нивниот квалитет и целокупниот тој процес. Конкретно, д-р Вело Марковски во изминатиот период, нешто што е незамисливо за стручната фела, нешто што многу често го коменитраме. Тоа е апсолутно сериозно, нешто што може да го загрози јавото здравје, рече министерот.

Тој го спореди цртањето црни срциња на кејот на Вардар со камапањата во Велика Британија каде се фарбаат црвени срца на брегот на Темза.

-Сакаат да ќарат поени, но тоа го зголемува нашиот ентузијазам, порача Филипче.

-КОВИД-кризата бара интензина, посветена, деноноќна работа, нешто што интензивно се правеше целата измината година. Ентузијазмот е се поголем, секој ден, зашто справувањето со кризата дава резултати, кривата се намалува постепено, не остана ниту еден пациент без болнички кревет, обезбедивме близу 800 нови позиции со централен довод на кислород во државата, нагласи Филипче.

Министерот уште еднаш кажа дека имаме систем на балансирани мерки, но мерките, рече, мора да се почитуваат – носење маска и држење дистанца. Мерките, оцени, се покажаа идеални, намален е притисокот врз болниците.

-Луѓето како да се опуштија. Од претходното искуство лани, сега сме пред големи празници, видовме дека и покрај силните препораки непочиотувањето на мерките доведе до нов бран, ако тоа се случи сега и се случи нов кластер собири во верски објекти, толку ќе биде голем притисокот во здравствените установи ќе се доведе во пшрашање дали ќе може да се изменаџира. Денешните бројки се помали од вчерашните, мерките дале резултат, пикот од овој бран е зад нас, сметаме дека беше на 1 април, ситуацијата се стабилизира, но сепак сме многу внимателни, истакна Филипче.

Во врска со угостителските објекти и нивното затворање, повтори дека мерката е добра.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе