Филипче: Вирусот нема да исчезне сѐ додека не се измисли вакцина

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Целиот детален план и препораките за функционирање во земјава во услови на епидемија на COVID-19 ќе се финализира денеска, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во гостување во емисијата Утрински брифинг.

Тој додаде дека е тешко да се препорача попуштање на мерките само во одредени градови и региони, бидејќи од самиот почеток во справувањето со кризата пристапот бил на национално ниво.

-Во текот на вчерашниот состанок разговаравме за олабавување на некои мерки, но денеска се финализира таа дискусија. Треба да се финализира целиот детален план и препораките за функционирање. Целокупниот материјал е спремен, но кога ќе се прецизира датумот ќе се дискутира денес. Ние направивме еден наш автентичен модел според карактеристиките на населението. Две држави не може да се споредат една со друга. Сметам дека направивме прилично успешен модел на борба со вирусот. Попуштање на мерките да биде само во одредени градови и региони е тешко да се препорача, бидејќи од самиот почеток имавме пристап на национално ниво. Попуштањето ќе оди така, рече Филипче.

Нагласи дека димензионирањето на мерките е комплексен систем, а не за црно-бела ситуација кога нешто може да се имплементира, а после да се попушти.

-Станува збор за комбинација на мерки кои доколку се почитуваат ќе значи и намалување на трансмисијата на вирусот. Ние сме една од првите земји во Европа која препорача носење на заштитни маски, која доколку се почитува имаме сериозна шанса и покрај тоа што ќе препорачаме зголемена слобода на движење и скратување на полицискиот час, ќе имаме една од повеќето мерки која што ќе го спречи ширењето на вирусот, додаде Филипче.

Околу лажниот мејл кој што се појави деновиве и ги информира граѓаните дека имале контакт со заболено лице, Филипче вели дека во целиот изминат период голем проблем била борбата со лажните вести.

-Тие креираат паника, која го загрозува јавното здравје. Ова е сериозен прекршок и некој не смее да си поигрува.

Околу информацијата за лажните тестови кои се продаваат во една приватна болница, министерот Филипче изјави дека тоа е надвор од ингеренциите на министерството, туку предметот е за Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за лекови.

– Како министерство од почетокот набавуваме реагенси за капацитетите на нашите лаборатории. Тоа се реагенси за испитување на вирусот, а не на антителата, посочи министерот за здравство.

Нагласи дека сите јавни собири, ќе бидат со посебни протоколи.

-Тоа што е многу важно е дека со вирусов ќе живееме во целиот период кој е пред нас. Тој нема да исчезне сѐ додека не се измисли вакцината. Но морам да споменам и дека работата е под контрола и ги очекуваме протоколите и мерките од Комисијата, рече Филипче.

Министерот за здравство упати апел до граѓаните да не се собираат масовно, без оглед на тоа дали се верски или други собири.

-Ова е борба во која учествуваат сите граѓани. Сите граѓани се дел од тимот и на лекари и на здравствени власти со кои што ја биевме оваа битка. Сега сме во одмината фаза на битката. Битно е борбата да продолжи, зошто само така ќе се задржи позитивен тренд и нема да се соочиме со повторно зголемување на бројот на пациенти, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе