Филипче: Воведени се три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Скопје, 10 ноември 2018 (МИА) – Министерство за здравство воведе три нови типови инсулин кои се најнова генерација лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибатаж, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, што се одржа во пресрет на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетес, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК.

– Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови, рече министерот Филипче.

Министерството за здравство, посочи, сега е пред нов предизвик, да обезбеди сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. Нагласи дека за почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата, а со нивната набавка ќе им олеснат и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес.

– Како Министерство, но и како општество секако треба многу повеќе да обрнеме внимание на стигматизирањето на децата со дијабет. Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано. Дијабетесот не е заболување, тоа е состојба, која ние се трудиме да ја олесниме и ги охрабруваме и децата и родителите сосема храбро да чекорат низ животот и со дијабетис, рече министерот Филипче.

Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетес и секојдневно примаат инсулинска терапија. Во моментов во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетес, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетес ќе изнесува барем двојно повеќе.

Од Министерството за здравство наведуваат дека подолжуваат и натаму да ја подигнуваат јавната свест преку едукација, трибини, да обезбедува најдобри и најсовремени терапии и лекови за пациентите со дијабетес и да соработуваат со граѓанските организации за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата со дијабетес.

реклама

Македонија

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе