Филипче: За кратко време ќе имаме брзи тестови за COVID-19, достапни ќе бидат во болниците и на граничните премини

Брзите тестови за COVID-19 многу скоро се очекува да бидат достапни и во болниците во нашата држава. Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Топ Тема” на ТВ Телма, посочи дека тие како министерство планираат надградување на стратегијата за тестирање, односно ова воспоставување на стратегијата за широко тестирање.

– Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија, без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен, рече министерот Филипче.

Освен во болниците министерот Филипче, додаде дека брзи тестови за COVID-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.

Меѓу другото, министерот додаде дека ниту една земја нема начин на широко тестирање како што имаме ние, со исклучок на големите земји. Филипче исто така рече дека во државата се тестираат дури и луѓето кои што биле во ризик, а немаат симптоми се со цел да се види да не се случи да има асимптоматски носители. Со такво широко тестирање, министерот посочи дека се штитат и сите луѓе околу позитивните.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе