Филипче: За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани

За сите вакцини и лекови водиме сметка да се соодветно испитани и да ги имаат соодветните сертификати за квалитет и да се потврдени од регулаторните тела, изјави министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата „24 Анализа“.

Министерот Филипче, со доза на воздржаност најави дека очекува вакцините од AstraZeneca да стигнат на 31 март и 15 април, додека кинеските вакцини на 31 март, нагласувајќи дека системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива вакцинирањето.

Во однос на ставот на Европската агенција за лекови дека вакцината на AstraZeneca е безбедна, министерот Филипче посочи, дека во однос на оваа вакцина посебно водат сметка и за тоа што го кажуваат националните агенции во ЕУ, кои времено го запреа вакцинирањето и ги следат сите релеватни истражувања.

Неколку случаи, посочи Филипче, излегоа во изминатиот период и тоа придонесе да се создаде сомнеж.

– Националните агенции на земјите каде што имаше несакани ефекти од вакцината преземаа мерки на претпазливост и времено го запреа вакцирањето со AstraZeneca. Што е нормално, да бидат внимателни и да се утврди ако има причинско последична врска. Релевантна институција за тоа е Европската агенција за лекови, која излезе денеска со став дека дефинитивно не станува збор за компликации, заради кои што треба да се прекине или ствараат сомнеж. Дефинитивно вакцината е безбедна и нема причинско последична врска со овие случаи и верувам дека имунизацијата ќе продолжи, изјави Филипче.

За тоа зошто не е вакциниран, министерот Филипче, повтори дека лично ќе се вакцинира тогаш кога ќе стигнат поголемите дози вакцини.

– Регионалниот директор на СЗО, Клуге, вчера го потврди тоа дека уште на почетокот сме работеле заедно да го подготвиме нашиот систем и тој е целосно спремен. Меѓутоа, се случи да се одложат два механизма, за кои голем број земји веруваа дека може порано да стигнат вакцините. Сега имаме повторно најава, но ќе го кажам со доза на резерва. Дозите ќе стигнат на 31 март и 15 април. Вкупно 100 илјади, но сепак и тие го кажуваат тоа со доза на резерва. Ова ќе биде количина од вакцина на AstraZeneca. И кинеските вакцини, според најавите, ги очекуваме до 31 март, изјави Филипче.

Според директорот на Институтот за имунобиологија, Александар Петличковски, бројките за вакцината на AstraZeneca се многу убедливи и заклучокот на Европската агенција за лекови е до некаде очекуван.

– На вкупно 17 милиони дадени дози од вакцината на AstraZeneca се пријавени 37 несакани ефекти во форма на некаква тромботична случка. Тоа прави една фрекфенција што е помала отколку фрекфенцијата во општа популација, изјави Петличковски.

Несаканите појави кои се еден на милион, нагласи тој, мора да ги споредуваме со 3 случаи на 100 кои умираат од корона во нашата земја.

– Имаме 115 илјади детектирани случаи на корона и над 3 илјади мртви. Што прави околу 3 на 100 мртви. За овие несакани ефекти еден, десет на милион нема простор за паника, но заслужуваат сериозни проверки, изјави Петличковски.

Директорка на Инфективна, Милена Стевановиќ, рече дека пред многу кратко време ја поминала болеста, но дека ќе се вакцинира со AstraZeneca, во првиот момент кога ќе дојде за вакцинација.

– Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работам во него. Сѐ потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем. Верувам дека, многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме, изјави Стевановиќ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе