Филипче: Заштитна опрема во доволно количини, резервата се надополнува

Според министерот за здравство, Венко Филипче, засега нема најава дека статистиките ќе поминат во некаква позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти.

Посочи дека располагаме со доволно тестови односно имаме доволно тестови за тестирање. Според него има 4.000 тестови на располагање, 5000 донација, а постапка има за 3000 дополнителни тестови.

-Имаме сосем доволна количина, добивме и донација близу милион парчиња и имаме сосем доволно, близу 4.000 се на располагање, 5.000 се донација од приватната лабораторија, постапка има за дополнителни 3.000, голема количина на најавена. Тестовите како бројка воопшто не се проблем, ниту пак може да бидат некаква закана во целокупниот овој процес на тестирања. Резултатите се пуштаат во неколку тури, има постапка, со оглед на големито број, може во едниот ден да се направи подготовка, а другиот ден тестот, додаде тој.

До сега тестирани кај нас се 5.879 лица, а постои, како што појасни, сосем мал број пациенти кои се тестирани два пати, нешто што воопшто сериозно не ја менува оваа бројка.

Тој увери дека заштитна опрема има во доволни количини. Во Министерството за здравство, како што рече, има една голема резерва, опремата се троши, но и се дополнува.

Министерот информира дека еден возач од итна медицинска помош е позитивен на коронавирусот, тој на работното место бил со целосна заштита опрема и се анализираат неговите контакти во приватниот живот.

Прашан дали се размислува во Општина Шуто Оризари да се направи пункт за тестирање или малку повнимателно да се следи состојбата во тој дел, тој рече дека во таа населба, но и секаде каде што постојат субстандардни услови треба поединечно да се евалуира, па да се понуди и некоја друга опција.

-Во однос на општината Шуто Оризари сметам дека секаде не само таму каде што постојат супстандардни услови дека треба поединечно да се евалуираат, па да евентуално понудиме и некаква друга опција. Дозволете да евалуираме па да евентуално преземеме и дополнителни мерки со цел ризиците за трансмисија да се сведат на минимум, рече Филипче.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе