Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост поради одлуката на Владата граѓаните да ги плаќаат каматите за кредитите кои ќе се пласираат на компаниите. На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро се спротистави на оваа идеја. За претседателот Филипче неправедно е каматите и банкарските трошоци за овие кредити да бидат на грбот на граѓаните, а компаниите да заработуваат.

„Зошто граѓаните треба да бидат тие кои ќе ги плаќаат каматите за кредити што немаат директна врска со подобрување на нивниот квалитет на живот? Ова е сериозно прашање за транспарентноста и правичноста во трошењето на јавните средства“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, ваквата постапка воведува нови долгови и трошоци за граѓаните.

Филипче истакна дека овој потег ја потврдува политиката на нови задолжувања која ја спроведува Владата, без вистински развојни проекти и без план за реален економски напредок. „Со ваков буџет и со вакви задолжувања, оваа Влада само ќе ги оптовари граѓаните за следните генерации, без да обезбеди одржлив развој“, нагласи Филипче.

Дополнително, Филипче ја критикуваше и проекцијата за буџетски дефицит од 4%, кој го надминува законски дозволениот максимум од 3%. Ова покажува дека Владата е подготвена да ги прекрши и најосновните буџетски правила, само за да обезбеди средства за свои активности, без долгогодишна стратегија и одговорност кон граѓаните.

„Во време кога образованието, здравството и поддршката за земјоделците се на минимум, овие средства би можеле да се искористат многу подобро – за вистински приоритети на граѓаните и за подобрување на јавните услуги“, додаде Филипче.

СДСМ останува на ставот дека ваквата политика на задолжувања е неодржлива и неефективна и дека Владата треба да преиспита на кој начин се трошат парите на граѓаните. „Ќе се залагаме за промени во буџетот со кои јавните средства ќе бидат насочени кон реални потреби и интереси на граѓаните, наместо кон нови долгови и контроверзни зделки“, заклучи Филипче.

реклама

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Read more

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Read more

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија: Предвидува помош без одлагање

Read more

Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Read more

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Read more

Квалитетот на горивата во Македонија под лупа

Read more

Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе