Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик, а од која на протестите за смртно прегазената Фросина Кулакова семејството и јавноста побараа одговорност оти го спасила Јованов од затворска казна за претходни дела.

„Денес, се обраќам пред македонската јавност, не само како министер за правда, туку како граѓанин и родител, и ги повикувам судовите во сите инстанции, како и Судскиот совет, да преземат дејства со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина. Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда судијката чие име ја бранува јавноста. Судијката беше дел од работната група која беше формирана во декември 2020 година за измена на Кривичниот законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик, со кои очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани во 2023 година. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој е почнат за потребните суштински реформи во правосудството. Загриженоста ја упатувам затоа што сметам дека е крајно време надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се тука да испорачаат брзо, правично и транспарентно“, рече министерот Филков.

Овој случај, според него, е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите, кои беа презентирани пред некој ден.

„Токму брзината на постапувањето и корумпираноста беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка. Непостапувањето и спороста отвора можност утре да имаме исти или слични случаи“, вели министерот Филков.

Тој апелира до сите политички фактори во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневно политички цели и нагласи дека правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и однатре, и најави дека нема да дозволи неказнивост и недопирливост.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Под студената надворешност кријат нежна страна: 3 хороскопски знаци глумат ладнокрвност

Read more

Исфрлањето на алкохолот може ефикасно да помогне во топењето на салото на стомакот

Read more

Македонија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Read more

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Read more

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Read more

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе