Филм & ТВ

Филм на кој му се предвидуваат минимум седум номинации за Оскар

14. ноември 2017 - 17:10 | М.Д.

После двегодишната пауза Стивен Спилберг се враќа со филмот „The Post“ во кој главните улоги ги токлкуваат Мерил Стрип и Том Хенкс.

Според многумина овој филм на Спилберг ќе обезбеди минимум седум номинации за Оскар – за сценарио, најдобар филм, музика, режија, главни актери, но и монтажа.

Филмот е базиран на вистинска приказна од 1971 година, кога во јавноста се појавиле тајни документи и се открило недозвoленото дејствување на американската војска во Виетнамската војна.

Документите ќе завршат во рацете на Кеј Грејем, издавач на „Вашингтон Пост“ која ја глуми Мерил Стрип, и која со помош на Беб Бредли (Том Хенкс) ќе го истражува случајот кој би можел да стане тема број 1 во светот.

На патот ќе им застане американската влада, а целата приказна ќе заврши на Врховниот суд.

Светската премиера се очекува на 22 демекври, а походот по Оскари во февруари.

Коментирај