Филм, пуканки и модна (р)еволуција

„Дали модата може да ја спаси планетата Земја? Еволуираме преку зголемување на свеста.“ Вака организацијата Fashion Revolution Macedonia го најави настанот на кој ќе има проекција на документарецот River Blue.

Во рамките на нивниот план на активности за оваа година, Fashion Revolution Macedonia ќе одржи настан на кој ќе се прикаже документарецот River Blue во просториите на Europe House во Скопје, на 23 јануари (четврток) во 17 часот.

RiverBlue (2016) е документарен филм, кој го прикажува тригодишното патување на Марк Анџело, по реките во светот, каде тој ги евидентира непосакуваните влијанија на модната индустрија врз животната средина. Филмот го истражува загадувањето на реките и токсичните ефекти од изработката на текстилни материјали (тексасот во фокус). Зборува за последиците за човештвото, но и за решенијата кои даваат надеж за одржлива иднина.

RiverBlue има за цел да ја зголеми јавната свест за овој проблем и да придонесе кон тоа модата да функционира врз етички и одржливи принципи. Филмот е апел за значајни промени од страна на најпознатите модни брендови да внимаваат и да бидат посвесни за начинот на кој се изработува облеката која ја носиме.

„Придружете ни се во нашата модна (р)еволуција! Да го почнеме заедничкото движење кон совесна мода оваа година со добар филм и пуканки“, порачуваат од Fashion Revolution Macedonia.

Влезот е бесплатен, но местата се ограничени, па заинтересираните може да си резервираат место на настанот креиран на Facebook.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе