Филм & ТВ

Филм за животот на Шумахер ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал

14. мај 2019 - 14:31 | МИА
Кан, 14 мај 2019 (МИА) – Документарецот за животот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал.

Предвидено е филмот да биде прикажан на екраните на 5 декември оваа година.

Познато е дека во документарецот ќе бидат прикажани интервјуа на сопругата на Корина, ќерката на Гина и синот на Шумахер, Мик.

За потсетување, на 29 декември 2013 година Шумахер се повреди при скијање на Алпите во Франција. Повеќе од шест месеци тој беше во кома, и оттогаш никогаш не се појави во јавноста. 

Коментирај