Филмот „Avec l'amour“ и „Квин симфони шоу“ во Градскиот парк во Скопје

Скопје, 21 јуни 2018 (МИА) - Mакедонскиот долгометражен документарен филм „Avec l'amour“ на режисерот Илија Цветковски вечер во 22 часот ќе биде прикажан на отворено во Градскиот парк во Скопје, а утревечер во 21 часот ќе се одржи концерт „Квин симфони шоу“ на кој ќе настапи познатиот „Квин ријал трибјут“ бенд од Србија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Град Скопје, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека во соработка со МКЦ и Македонската филхармонија продолжуваат во атрактивни содржини во текот на летото.

- Вечерва продолжуваме со проекција на долгометражниот документарен филм „Avec l'amour“. Очекувам дека и човекот за кој е направен документарецот ќе се појави со еден од своите олдтајмери. Тоа е прекрасен филм, предизвик повеќе за скопјани да се најдат на отворената сцена и заедно да уживаме во овој настан, рече Шилегов.

Посочи дека познатиот  „Квин ријал трибјут“ бенд на бината што ќе биде поставена пред Школка ќе свири песни од еден од највлијателните рок „Квин“ трибјут бендови.

Со специјални аранжмани за оркестар и хор, бендот ќе ги изведе најголемите хитови на една од највлијателните групи на сите времиња „Квин“.

- На настанот гости на град Скопје ќе бидат многу градоначалници од регионот. Скопје во текот на утрешниот и задутрешниот ден ќе биде мала метропола на регионалните градоначалници со кои ќе разговараме за размена на други искуства. Императив за мене е да работиме на враќање на сјајот на нашиот град, на нашите граѓани да им овозможиме културни настани кои ќе бидат опозит на досегашниот кич, затоа што скопјани заслужуваат да бидат ставени на мапата на светските културни центри, додаде Шилегов.

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески рече дека  чест му е што бендот по сите светски настапи заедно со Македонската филхармонија и хорот на МОБ ќе се претстави во најдобро светло.

Менаџерот на бендот, Пеџа Стојниќ рече дека утревечер ќе има спектакл во Градскиот парк во Скопје. - Сме свиреле во разни метрополи. Ова што Скопје го прави е на ниво на големите европските градови во кои во летниот период се одржуваат големи концерти, големи културни манифестации, додаде Стојниќ.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Култура

Изведба на раскошната балетска претстава Дамата со камелии од Џузепе Верди на 20 март

Read more

Општина Центар отстапи простор за уметниците избркани од МКЦ

Read more

За култура во МКЦ ќе чекаме да поминат изборите

Read more

Промоција на збирката раскази „Петкамен“ од Нина Насеска

Read more
 

Вести

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Читај повеќе

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Читај повеќе

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа - на Балканот

Читај повеќе

Неочекуван пад на залихите на нафта, цените скокнаа за 4%

Читај повеќе