Обожавателите на филмот „Deadpool“ нема да мораат да чекаат на продолжението толку колку што очекуваа, бидејќи филмот во кино салите ќе се појави порано.
Првобитно беше објавено дека филмот „Deadpool 2“ во кината ќе започне да се прикажува со почеток од 1 јуни, но студиото 20th Century Fox го помести датумот, па филмот ќе почне со прикажување од 18 мај.
„Deadpool 2“ не е единствениот филм чиј датум на премиера беше преместен.
Познатото студио ја помести и премиерата на филмот „The New Mutants“ за речиси една година. Филмот првобитно требаше да биде прикажан на 13 април оваа година, но во кината ќе пристигне дури на 22 февруари 2020 година.
Како што пишува „The Hollywood Reporter“, овие потези делумно се резултат на намерата да се избегнат поклопувања на поединечни пазари.
„Deadpool 2“ во кината ќе се појави седум дена пред филмот на Дизни „Solo: A Star Wars Story“.
Првиот филм „Deadpool“ беше изненадувачки хит во светските кино сали во 2016 година, но очекувањата од продолжението се доста поголеми.