Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со уште три престижни награди

Скопје, 21 октомври 2019 (МИА) – Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска се закити со уште три престижни награди.  На штотуку завршениот фестивал „All About Freedom Festival“, „Господ постои, името ѝ е Петрунија” ја доби главната награда за најдобар филм.

– Фестивалот се одвива во Гданск, Полска и е поддржан од Европската комисија. Главната награда која ја освои Петрунија е парична во вредност од седум илјади евра. Полскиот дистрибутер на филмот „Aurora films“ планира да ја започне дистрибуцијата во Полска на почетокот на следната година, соопшти продукцијата „Сестри и Брат Митевски“.

Оттаму наведуваат дека на Тузла Филмскиот Фестивал во Босна и Херцеговина „Господ постои, името ѝ е Петрунија” ја освои главната награда Златната вила за најдобар филм.

На Македонскиот филмски фестивал во Торонто, главната актерка Зорица Нушева ја освоила наградата за најдобра женска улога.

– Во октомври, Петрунија патува на дури десет фестивали ширум светот, со што веќе се приближува на околу седумдесет фестивалски прикажувања досега, а според неверојатната есенска фестивалска побарувачка сигурно нема да застане на оваа извонредна бројка. Со најновите признанија, со веќе 25 награди досега, не е нескромно да кажеме дека Петрунија навистина го освојува светот, соопштија од продукцијата „Сестри и Брат Митевски“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Филм & ТВ

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more
 

Сцена

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе