Филм & ТВ

Филмот „Hustlers“ со Џеј Ло ја освои публиката

10. септември 2019 - 10:47 | М.С.

Филмот „Hustlers“ доби бројни позитивни критики на премиерата во Торонто и дури се шпекулира дека е номиниран за Оскар. Главните актерки импресионираа со својот изглед на црвениот тепих.

Џенифер Лопез, Констанца Ву, Кеке Палмер и Лили Рајнхарт присуствуваа на премиерата на криминалната драма на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде ја воодушевија публиката, не само благодарение на импресивните комбинации на фустани, туку и силниот став со одличната порака на филмот во кој глумат.

Палмер призна дека е нервозна пред да започне снимањето на филмот, особено поради Лопез, за која вели дека се истакнува како супер жена.

Филмот „Hustlers“ е инспириран од написот во списанието New York Magasine од 2016 година. Следи тим на екс-стриптизери кои се здружуваат и изневеруваат на богатите клиенти на Вол Стрит.

Филмот на 13 септември пристигнува во киносалите.

Претходно, актерките истакнаа дека Џеј Ло им беше доза позитивна енергија за време на снимањето на филмот, секогаш одржувајќи добра енергија и волја за работа.

Коментирај