Филмот со Лејди Гага беше почетокот на крајот за Бредли Купер и Ирина Шајк

Една од најатрактивните славни двојки, холивудскиот актер Бредли Купер и руската манекенка Ирина Шајк, ја прекинаа врската после четири години поминати заедно.

Веста секако веднаш предизвика лавина од коментари и шпекулации зошто двојката што има едно дете заедно раскина наместо да заврши пред олтар.

Извори блиски до двете ѕвезди велат дека сѐ почнало кога Бредли Купер се нафатил да го снима филмот „A Star Is Born“ со Лејди Гага.

„Бредли беше многу отсутен за време на долгото снимање на филмот. Се обидоа да ја спасат врската, но едноставно не им одеше“, изјави извор близок до двојката за People.

Раскинувањето следеше по низа шпекулации дека актерот е во романтична врска со Лејди Гага која во филмот ја играше главната женска улога и партнерка на Купер.

Поради изразената хемија меѓу нив двајцата, во филмот и на јавните појавувања за промоција на филмот, но и на заедничкиот настап на Оскарите каде емотивно ја испеаја носечката песна „Shallow“, мноумина шпекулираа дека двајцата станале многу повеќе од пријатели.

Бредли Купер е познат по тоа дека го чува приватниот живот во тајност, но изненади многумина на доделувањето на наградите БАФТА кога ѝ се заблагодари на Ирина што го „трпела“ додека го снимал филмот.

„Најмногу сакам да ѝ се заблагодарам на Ирина што ме трпеше и имаше трпение за музиката што ја правев во подрум една година. Многу ти фала“, рече тогаш актерот и режисер.

Изворите исто така велат дека двојката ги поминувала изминатите месеци одвоено. Кога Ирина престојувала во семејната куќа, Бредли заминувал од градот и обратно.

Вртоглавата романса меѓу 33-годишната Русинка и 44-годишниот актер траеше четири години под будното око на медиумската јавност, а двојката заедно ја доби и ќерката Леа во март, 2018.

Шпекулациите дека „има проблеми во рајот“ почнаа да се засилуваат откако и двајцата почнаа да се појавуваат сами на официјални настани, а сега веќе не е тајна дека Ирина се спакувала и го напуштила Бредли.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе