
Биографскиот филм The Apprentice, во режија на Али Абаси, предизвика контроверзии на Канскиот филмски фестивал поради прикажувањето на сексуален напад врз поранешната сопруга на Трамп, Ивана Трамп.
Во една контроверзна сцена, Ивана му покажува на Трамп книга за женскиот оргазам, но незаинтересираниот Трамп и кажува дека повеќе не му е привлечна, што резултира со расправија. Трамп потоа ја фрла Ивана на под и почнува сексуално да ја напаѓа.
Според Variety, по премиерата на филмот, гледачите изјавиле дека сцената била непријатна, одвратна и вознемирувачка.
The Apprentice го следи подемот на Доналд Трамп, кој беше релативно непозн могул за недвижнини во 70-тите, но доживеа ренесанса во 80-тите. Во тоа му помогнал неговиот пријател и ментор, адвокатот Рој Кон.
Покрај сцената со сексуален напад, контроверзни беа и сцените во кои Трамп конзумира дрога, оди на липосукција и трансплантација на коса.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Себастијан Стен, кој го играше Трамп, Џереми Стронг, кој го играше Рој Кон и Марија Бакалова, која ја играше Ивана Трамп.
Сè уште не е познато кога филмот ќе биде премиерно прикажан во кината.